×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбојкарите утре против Борец Брако од Велес

    18.02.2011 15:01 | KumanovoNews

    Одбојкарскиот клуб Куманово утре во салата „Перо Наков“, ја пречекува реномираниот тим на ОК Борец Брако од Велес. Натпреварот започнува во 19 часот.

    Одбојкарите утре против Борец Брако од Велес

    Во предходните натпревари одбојкарите имаа половичен успех. Во првиот натпревар проитв Синалко на домашен терен беа поразени со 0:3 во сетови (24:26, 12:25, 19:25). Куманово беше рамноправен противник во првиот сет, па ја имаше и првата сет топка која не ја искористијаго смени текот на натпреварот. Во вториот сет Синалко доминираше, а кумановци успејаа да пружат отпор во третиот сет, но не и да направат пресврт.

    Во натпреварот одигран во среда, кумановци успејаа да се пласираат во осмина-финале од Купот на Македонија. Поразена беше Лирија од Тетово на гостински терен со резултат 1:3(16:25, 26:24, 23:25, 25:27). Битно е да се напомене дека во овој меч кумановци играа со втората екипа, бидејки на гостувањето во Тетово не заминаа неколку стандардни првотимци, а на натпреварот се повредија два битни играчи за составот на Куманово (Живиќ - примач и Станковиќ - среден блокер).

    Денеска ќе биде одржана ждребката во која ќе биде познат следниот противник на ОК Куманово.