Одбојкарскиот клуб “Куманово“ прв на турнирот 11 Ноември
05.11.2013 09:20
| KumanovoNews
Во спортската сала на СОУ“Перо Наков“ во недела се оддржа турнир во одбојка по повод 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово на кој кумановските одбојкари беа најдобри.

Одбојкарскиот клуб “Куманово“ постигна максимален учинок освојувајќи го првото место со победи над “Тинволеј“ од Пробиштип од 2:1 во сетови и “Проволеј“ од истиот град со 2:0 во сетови - велат од Општински сојуз на спортови.
Во конкуренција на кадети, учествуваа одбојкарските клубови “Куманово“, “Тинволеј“ и “Проволеј“ од Пробиштип и “Бами Кор“ од Тетово.
Настанот го организираа одбојкарски клуб “Куманово“ и Општински сојуз на спортови.