Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во салата на ОУ Браќа Миладоновци се одржа семинарот на бразилско џиу џицу.
Овој настан беше во организација на клубот The Strongest & Roots BJJ, а предавач на оваа тема беше Ивица Алексовски, претседател на македонската федерација за бразилска џиу-џица, и борач кој го има највисокиот појас за овој спорт во Македонија.
Ова беше интересен собир, каде што сите учесници се здобија со огромно искуство. Се надевам дека овој млад спорт ќе побуди поголем интерес кај граѓаните на нашиот град. Сите заинтересирани можат да се обратат во клубот и да започнат со изучување на оваа вештина - изјави Мартин Стефановски, организатор на семинарот.
Сите учесници добија дипломи за учество, а најдобрите од предавачот добија лента на својот појас.