Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оф роад Куманово (Offroad Kumanovo) и Офроад Гараж ( Offroad Garage) организираат оф роад трки, по повод Денот на народното востание во Македонија - „11 Октомври“.
Организаторите ги покануваат сите љубители на овој адреналински спорт кои поседуваат АТВ, УТВ, Крос или џип да се пријават и да земат учество на овие возбудливи трки , кои ќе се одржат на 11 октомври , со почеток во 9 часот, во атарот на општина Старо Нагоричане.
„Сите заинтересирани можат да се пријават за учество во Оф роад здруженијата или на телефонот 071/309 - 129. Воедно, ги покануваме сите љубители на адреналинскиот спорт да дојдат и да уживаат во настапите на оф роад возачите. Ветуваме возбудлив ден и малку поинаква и несекојдневна забава за сите“, информира Дарко Јовановски од „Оф роад Куманово“.
Оф роад трките се атракција за посетителите, и традиционално се организираат за празничниот ден посветен на ослободувањето на Куманово.