Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оран Јашаровски од боксерскиот клуб „Куманово 84“ го освои годинешниов трофеј на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, кој по вторпат се одржува во Куманово.
Јашаровски во финалната борба го победи својот противник Илија Чоловиќ од Србија со резултата 3:0.
На турнирот учествуваа дваесетина боксери од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово, а се одиграат околу 20 мечеви.
Турнирот го организира Боксерскиот клуб Куманово со помош на Боксерската федерација на Македонија, а под покровителство на Општина Куманово и Општинскиот сојуз на спортови, во чест на боксерката легенада Мирослав Петовиќ, кој целиот свој живот го посвети на развојот на боксот во Куманово и државата.