Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спортската сала на СОУ “Перо Наков“ денеска беше отворен Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на прерано починатиот Мартин Симоновски.
Турнирoт го отвори претседател на СДММ Куманово Младен Давидовиќ.
Мартин го паметиме како добар човек, добар другар, а пред се како љубител на фудбалот. Од СДММ го организираме овој турнир кој ќе трае два дена и на кој ќе се натпреваруваат 24 екипи. Турнирот планираме да биде традиционален и секогаш Мартин да биде дел од нас. Ви посакувам турнирот да помине во спортски дух и нека победи најдобриот - изјави Давидовиќ.
12 натпревари ќе бидат одиграни денеска, а први на турнирот играа екипата “Франц Розман“, минатогодишни победници против “Дам Дар“.
Победникот ќе се добие со систем на елиминација. Меморијалниот турнир се оддржува втора година по ред.