Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово вчера во Спортската сала успејаа да издвојуваат победа против екипата на Пелистер со резултат 28:26.
Пред почетокот на мечот екипата на Пелистер беше фаворит на хартија. Гостите од Битола се речиси сигурни патници во Супер лигата, но сепак Куманово покажа дека има потенцијал и квалитет во домашните ракометари, и дека може да се носи со најсилните претставници во домашното првенство.
Самиот почеток на мечот донесе неколку одбрани на двата голмана, што најави неизвесен меч. Резултатот на полувреме беше 11:12 а до крајот на натпреварот Куманово поведе и триумфираше со резултат 28:26.
Најефикасни поединци на натпреварот беа Стефан Трајковски со 11 гола и Влатко Тасевски со 8 постигнати погодоци.
Следниот натпревар ракометарите на Куманово го играат на гостински терен против екипата на Радовиш.