×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петковски: Не одам на олимпијада, се подготвувам за Европски игри во Азербеџан

    01.04.2015 09:36 | KumanovoNews

    Атлетичарот Дарко Петковски Спејко денеска реагираше на вчерашните текстови на одредени медиуми кои објавија дека кумановецот по 30 години ќе учествува на олимписки игри во Азербеџан оваа година.

    Петковски: Не одам на олимпијада, се подготвувам за Европски игри во Азербеџан

    Дел од медиумите објавија информации кои се половични, а како такви не одат во прилог на промоцијата на мојата спортска кариера, го нарушуваат мојот спортски углед а и односите со моите колеги-спортисти-тренери. Не се сомневам во нивната професионалност туку станува збор за недоразбирање. Сакам да нагласам дека сум ПОТЕНЦИЈАЛЕН кандидат за „ЕВРОПСКИТЕ ИГРИ“ кои ке се одржуваат во Баку, Азербеџан во јуни. Мојот лански реултат не се важи, и ќе станам дел од делагацијата доколку го повторам ланскиот успех на овој изборен натпревар, односно пласманот и нормите на изборниот натпревар се карта за игрите - изјави за КумановоЊуз, Дарко Петковски.

    Тој повикува да се внимава што се објавување на такви информации. Освен него, неговите профили ги одржуваат и други лица, па доколку има потреба за контакт, можете да го контактирате преку порака или телефон. Сепак тој истакна благодарност за подршката на своите фанови, и од сега целосно ќе се фокусира на подготовките за изборниот натпревар.

    Ви благодарам за поддршката што ми је давате, се ближи изборниот натпревар и мислам дека сега ми е најпотребна од кога и да било претходно, но овој период ќе се воздржам од објавување секакви прогнози и очекувања за претстојните натпревари бидејки ми ствараат дополнителен притисок кој моментално не ми е потребен, ќе се воздржам и од објавување на слики и видео материјали од подготовките кои се од затворен тип. Актуелностите надвор од спортската кариера како фотосесиите, интервјуата, соработките, хуманитарните акции, ќе ви бидат и понатаму достапни со само еден клик на мојата официјалнa страна facebook.com/speyko а можете да ме следите и на Instagram, snapchat и twitter. Вашите коментари, критики, пофалби и сугестии можете да оставите во порака на горенаведената facebook страна - заклучи Петковски.