×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пингпонгари со телесен инвалидитет од Македонија и Србија се натпреваруваа во Куманово

    02.12.2019 11:36 | KumanovoNews

    Во Куманово, викендов се одржа пријателски турнир во пинг понг помеѓу спортистите со телесен инвалидитет од Македонија и Србија.

    Пингпонгари со телесен инвалидитет од Македонија и Србија се натпреваруваа во Куманово

    Натпреварувањата беа во три категории, а настапија 10 пингпонгари од земјава, меѓу кои Страшко Коцевски и Небојша Ташиќ од Куманово, како и 7 спортисти од Србија.

    Најдобри резултати постигнаа:

    Во класата 3-5, првото место му припадна на Бојан Стаменковиќ (Србија), второто на Милош Стојилковиќ (Србија), а третото на Зоран Јовановски (Струмица).

    Во класата 6-8,  првите две места им припднаа на Србите Никола Јовановиќ (прво место) и на Милан Антиќ (второ место), а третото на Рубино Ристески (Прилеп).

    Во трета класа 9-10,  првото место му припадна на Дарио Стошиќ (Србија), второто место на нашиот кумановец Страшко Коцевски, а третото место го  освои Милош Тасиќ од Србија.

    Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој истакна дека во иднина ќе се обидат турнирот да го подигнат на повисоко ниво и да го направат традиционален, а со тоа и да има учество ина спортисти од поголем број на држави.

    Организатор беше Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди-Куманово во соработка и финансиска поддршка од Општинскиот сојуз на спортови Куманово, а беше организиран по повод одбележување на јубилејот 500 години Куманово, во рамките на „Куманово-Европски град на спортот за 2019 година“.