Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пингпонгарките од пинг-понг клубот “Куманово“, освоија златен и сребен медал на 23-то државно поединечно првенство за пионери и пионерки, кое се одржа во Гимназија “Гоце Делчев“.
Ива Димитриевска во поединечна конкуренција освои златен медал и се закити со титулата државен првак за сезоната 2014/2015, а во игра на двојки Димитриевска заедно со Андреа Стојмановска освоија сребрен медал.
“Резултатот кој беше постигнат на ова првенство беше очекуван. Напорно работевме во изминатиов период и трудот се исплатеше. Но, за да приказната биде комплетна во сабота не очекува уште едно натпреварување во нашиот град, во организација на нашиот клуб и пингпонгарската федерација на Македонија“ - кажа Мики Трендафиловски, тренер во “Куманово“.
Утре во нашиот град ќе се одржи изборен турнир “Топ 8“, на кој ќе учествуваат најдобрите осум пионерки од земјава, а меѓу нив ќе бидат и двете кумановски пингпонгарки.