Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 23-то поединечно државно првенство за младинки што се одржа вчера во Штип, Ива Димитриевска и Андреа Стојмановска од пинг-понг клуб „Куманово“ освоија сребрен медал.
Со ова двете млади пингпонгарки станаа вице шампиони на Македонија.
Од овој резултат сум потполно задоволен од моите пингпонгарки, бидејќи е постигнат во младинска конкуренција каде конкурентките се три години постари од моите пингпонгарки. Водно, сакам да истаканам дека Ива Димитриевска е четврта во поединечна конкуренција, но неискуството направи да не се најде во финалето на ова првенство. Но, времето секако е на наша страна и со понатамошна работа ќе дојдеме и до тој резултат - кажа тренерот Мики Трендафиловски.