Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб “Пинк Пантери“ се врати со сребрен медал од меѓународен турнир во Бремен, Германија.
Кошаркарите на 12 -13 годишна возраст покажале извонредени резултати, извојувала 4 победи и претрпеле 1 пораз.
На турнирот учествувале пет екипи од Германија, а единствени претставници од странство биле кумановските мали кошаркари.
Во полуфиналето го совладавме Бремехавен со резултат 46 - 29. Во финалето загубивме од екипата на Вестерстеде, која е младински погон на познатиот бундес лигаш Олденбург со тесен резултат 36 - 35. Предзадоволни сме од прикажаната игра на овој турнир со врсниците од Германија. Ваквите меѓународни турнири претставуваат огромно искуство за нашите млади играчи, за нивниот понатамошен развој - изјави Бојан Златковски, директор на “Пинк Пантери“.
За оваа селекција клубот планира учество на неколку врвни меѓународни турнири и за првенство на Македонија.