Победа со 41 поен разлика во последниот натпревар од годината
26.12.2015 12:24
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово со убелива победа ги завршија настапите за оваа година. Следува двонеделна пауза, по што продолжува домашното првенство.
Куманово се освети на изненадувачкиот пораз на почетокот на првенството, и победи со резултат 94-53. Во ниту еден момент немаше дилема кој ќе биде победникот на овој натпревар.
Ненад Мишановиќ имаше одличен натпревар со 26 поени и 8 скока. Кај гостите Александар Андрејевиќ постигна 18 поени и 9 скока.
Со оваа победа Куманово ги заврши настапите за оваа година. Следува мала пауза од две недели, по што продолжува домашното првенство. Следниот натпревар Куманово го игра против Работнички на домашен терен, на 16.01. следната година.

