Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија Иван Симиќ би сакал следната година да биде организиран турнир кој би бил регионална лига на клубовите од поранешна СФРЈ, но со таа идеја воопшто не се сложуваат навивачите на загрепскиот Динамо.
Би можеле следната година кога ке нема Светско или Европско првенство да организираме „Турнир на прваците“. Во него би играле шампионите на екс ју земјите, и секако сите кои сакаат да играат во регионалната лига - изјавува Симиќ.
На самата помисла за регионална лига, остро реагираат навивачите на Динамо Загребкои во своето соопштение истакнуваат дека никогаш нема да подржат тавко натпреварување.
Здружението на навивачи на Динамо сака да порача дека никогаш нема да подржи ниту еден облик на натпреварување како регионална лига во кој ќе настапуваат екипи од Србија, Црна Гора и Република Српска. Ова секако не се однесува на Лигата на шампионите и Лига Европа. Здружението на навивачите на Динамо и сите негови членови со сите средства ќе се борат против такви натпревари и настапи на ФК Динамо во нив - стои во соопштението на „Бед Блу Бојс“ на нивната официјална интернет страна.