Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По двете одиграни средби од 10.коло заврши Суперлигашкиот дел на кошаркарското првенство на Македонија.
Сега остануваат уште полуфиналните натпреварите за плеј офот.
МЗТ Скопје Аеродром со максимални 10 поени ја заврши лигата откако ја совладаа екипата на Лирија со резултат 78-63 и со 10-0 по учинок заврши на првата позиција.
Место во плеј оф натпреварите обезбеди и работнички со 5-5, Кожув со 5-5, Лирија со 5-5, а сезоната за кошаркарите на Куманово и Струмица е завршена.
Полуфиналните натпревари ќе се одиграт во две добиени, а ќе започнат во престојниот викенд со дуелите помеѓу екипата на МЗР Скопје Аеродром против Лирија и Работнички против Кожув.