×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Челниците на РФМ ги посетија јуниорките на Куманово

    15.02.2014 13:28 | KumanovoNews

    Куманово ќе има свои претставници во ракометната репрезентација на Македонија, смета спортскиот директор Стевче Алушовски.

    Челниците на РФМ ги посетија јуниорките на Куманово

    Селекторот на кадетската женска репрезентација Јулијана Црвенсковска, со претставници од Ракометната федерација на Македонија под водство на спортскиот директор Стевче Алушовски и селекторот на А селекција Ристо Магдинчев, денеска присуствуваа во Куманово.

    При тоа беше одржан тренинг за да се запознаат со младите ракометарки од Куманово. Целта на ваквите посети е поставување на база на ракометарки, од која подоцна ќе бидат кадетски, младински и сениорски репрезентативки. Македонија е домаќин на Европското првенство за кадети во 2015 година, и затоа уште сега се прават подготовките на играчите.

    Со овие средби имаме целосен пристап, преглед и увид на сите деца во цела Македонија. Тие што се најквалитетни и највеќе заслужуваат ќе бидат дел од кадетската репрезентација. Генерално сум задоволна од денешниот тренинг, имајќи предвид дека децата сеуште не се во тренажен процес. Имаме таленти, но сепак не чека доста работа за да го постигнеме она што го сакаме - изјави тренерот Јулијана Црвенковска.

    На денешниот тренинг се приклучија неколку ракометарки од Делчево и Свети Николе.

    Идејата е да не доаѓаат сите ракометарки во Скопје и се да се решава таму. Со овие регионални собири, и ние ќе се запознаеме подобро со нивните тренери, да посочиме на некои работи а и ќе видиме поголем број на ракометарки - изјави Стевче Алушевски.

    На прашањето дали во иднина може да очекуваме успешени спортисти од нашиот град, Алушовски истакна:

    Изненаден сум од условите кои Куманово ги има за работа. Имате прекрасна сала, дури и се размислува младите категории да се собираат во Скопје а да тренираат во Куманово. Скопје има два врвни клуба и навистина е проблем да се дојде до термини, а Куманово со сигурност ќе биде еден од центрите каде ќе се развива ракометот во иднина. Сигурен сум дека Куманово ќе има идни репрезентативци - заклучи Алушевски.