Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово ја забележаа првата победа на гостински терен оваа сезона, одкако ја совладаа екипата на Работнички со резултат 64:82.
Тренерот на Куманово Љубисав Луковиќ беше погоден со тврд предмет и за жал тоа ќе биде настан што ќе го одбележи овој натпревар.
Работнички имаше водство речиси цело прво полувреме но како се ближеше крајот, така кумановчани ја топеа разликата и стигнаа до предност од пет поени. Во третиот период Куманово ја зголеми предноста по што следуваше инцидентот по што натпреварот беше прекинат.
Во последниот период следуваше натпревар во шут за три поени, каде што Куманово погоди 5 од 8 обиди, а Работнички беше прецизен 6 пати од 11 обиди.
Конечен резултат на мечот беше 64:82.
Најефикасен поединец на мечот беше Урош Луковиќ со 22 поени и 10 скока и Ентони Дивејн со 22 поени. За Работнички Стојан Ѓуровски постигна 16 поени.