Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска ја забележаа првата победа пред домашен терен против екипата на Вардар Апаве со резултат 96:84.
Тимот на Куманово имаше водство во текот на целиот натпревар, а отпорот на Вардар беше скршен по полувремето кога разликата за Куманово стана двоцифрена.
Немања Врањеш имаше свое шоу на овој натпревар постигнувајки 31 поен. Вукашин Мандиќ беше втор најефикасен во составот на Куманово постигнувајки 18 поени. Кај гостите најефикасен беше Костески со 24 поени односно Ѓуриќ со 23 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра во вторник, на домашен терен во рамките од БИБЛ Лигата против екипата на Крајова од Романија.