Мени

Прва победа за ракометарките на гостински терен

27.10.2013 21:30 | KumanovoNews

Денеска ракометарките на Куманово на гостински терен со резултат 30:34 (12:17) ја совладаа екипата на Универс од Гостивар.

Прва победа за ракометарките на гостински терен

Во текот на целиот натпревар нашите ракометарки беа тие кои го диктираа резултатот и домашната екипа беше немоќна против Кумановчанки.

Наефикасна во составот на Куманово беше М. Паневска со постигнати 9 голови.

Играчката форма на нашите ракометарки оди во нагорна линија што е доказ дека Куманово поседува одличен домашен ракометен потенцијал кој оваа година доаѓа до израз-изјавија од клубот.