Првиот тренинг на кошаркарите е закажан за 31.авуст
22.08.2015 13:03
| KumanovoNews
Официјалното претставување на составот на Куманово 2009 за оваа сезона е закажано на 31.август.

Настанот е закажан во Спортската сала во Куманово, а на него ќе бидат претставени тренерот Љубисав Луковиќ, стручниот штаб, играчите кои ги продолжија договорите со Куманово како и новите засилувања.
Александар Костовски, Вукашин Мандиќ, Урош Луковиќ, Марјан Јанески и Димитар Караџовски се кошаркарите кои ги продолжија договорите со Куманово, а како засилувања пристигнуваат Миодраг Тодоровиќ, Игор Бјелиќ и повратникот Ентони Ли Инграм.
Куманово оваа сезона освен во домашните првенства ќе настапува и во ФИБА Еврокупот.