×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштено во употреба новото баскет игралиште

    12.09.2020 11:50 | KumanovoNews

     Со турнир во кошарка, во организација на кошаркарскиот клуб Куманово, синоќа беше пуштено во употреба новото игралиште за баскет, кое се наоѓа кај спортската сала во Куманово.

    Пуштено во употреба новото баскет игралиште

     На отворањето присуствуваше  градоначалнкот Максим Димитриевски, поранешниот директор на Агенцијата на млади и спорт Дарко Каевски и претседателот на Кошаркарската федерација Перо Антиќ.

    Градоначалникот ги поздрави сите учесници на турнирот и се заблагодари на луѓето коишто помогнаа да изгради спортскиот терен.

    „Оваа и наредната година ќе направиме уште 6 вакви терени во градот. Сакам да ги охрабрам сите спортски работници и луѓето што сте активни во спортот, да работите уште повеќе и посеветено, да се вратиме во спортот таму каде што ние местото, во големите натпреварувања со големи победи. Во наредниот период ќе продолжиме да инвестираме во спортските објекти, денеска добивме 100 коша кои ќе ги наместиме каде што е најпотребно, на маалските игралишта“, - рече Димитриевски, кој очекува кумановските кошаркари да го постигнат успехот на ракометарките и да бидат најдобри во државата.  

    „За да се развива спортот треба игралишта, а се надевам дека токму од овој терен ќе се создадат нови репрезентативци“, - порача Перо Антиќ.

    Поранешниот претседател на Агенцијата на млади и спорт Дарко Каевски, кажа дека на ниво државата ќе се изградат 90 вакви игралишта, се со цел младите да практикуваат здрав начин на живот и да се дружат.