×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Работнички не сака да игра против Соколи

    10.04.2015 23:28 | KumanovoNews

    Драмата во Супер-лигата продолжува. Екипата на Работнички утре нема да игра против тимот на Карпош Соколи.

    Работнички не сака да игра против Соколи

    Тимот од градски парк преку соопштение истакна дека нема да го играат натпреварот против екипата на Карпош Соколи.

    Ја известуваме јавноста дека во изминатиот период беа донесени повеќе дискутабилни одлуки под сомнителни околности од страна на Кошаркашката федерација на РМ и за нас неразбирливи основи, меѓу кои и прифаќањето на КК Карпош Соколи да биде дел од највисокиот степен на натпревари на национално ниво - стои во соопштението на КК Работнички.

    Со ова се продлабочува кризата во Суперлигашката кошарка, а второто коло е пред ново одложување. КК Куманово преку соопштение ја повика Натпреварувачката комисија да го одложи колото со цел за да се спречи натамошното кршење на Законот за спорт и Пропозициите за натпреварување на МКФ.

    Да се зачува регуларноста на целото првенство како и угледот на самата лига но и на Македонската кошаркарска федерација во целина кој сериозно е нарушен по последните случувања како во Кошаркарската Супер-лига така и во Македонската кошаркарска федерација во целост - стои во продолжението од соопштението на КК Куманово.

    Сега на потег е Натпреварувачката комисија која треба да одлучи дали утре ќе продолжи Суперлигата или следнува ново одлагање на првенството.