Работнички во Втора лига, за Куманово сеуште се чека
14.04.2015 15:00
| KumanovoNews
Поради вториот службен пораз на тимот од Градски парк, екипата на Работнички е исклучена од првенството и се сели во Втора лига, пренесува Македонски Спорт.

Статусот на Куманово сеуште е неизвесен поради жалбата која Куманово ја поднесе пред мечот со Кожув.
Сепак, натпреварот Куманово - Кожув е регистриран 0-20, и веројатно слична судбина го очекува Куманово како и Работнички. Третото коло е одложено додека не се разреши ситуацијата околу бројот на клубови и нивниот статус.
Засега сеуште нема никаква потврда од МКФ на нивната веб страна.