Рафел Надал го освои Синсинати
19.08.2013 07:00
| KumanovoNews
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои Мастерс турнирот во Синсинати откако вчера во финалето го совлада Џон Иснер.

Тој го победи американскиот тенисер со 2-0 во сетови по гемови 7- 6 и 7-6.
Ова е девета титула оваа сезона за Надал,а по денешното ново АТП рангирање ќе се пробие на второто место веднаш зад Новак Ѓоковиќ.