Ракометарите гостуваат во Велес
25.11.2011 13:49
| KumanovoNews
Во ракометната супер-лига, Куманово утре игра со Борец. Како што пренесуваат локалните медиуми во Велес, неизвесно е дали натпреварот ќе се одигра, бидејќи домаќините најавиле дека ќе стапат во генерален штрајк поради неисплатени плати.

Сепак последните информации од раководството говорат дека играчите ќе излезат на терен, но е познато во кој состав. Им биле дадени цврсти гаранции дека клубот ќе продолжи да функционира, со друг финансиер, откако доегашниот спонзор откажал.
Натпреварот е закажан утре во 19:00 часот.