Ракометарите ја продолжуваат сеозната со многу проблеми
07.03.2014 13:40
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово утре го играат првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната. Кумановчани утре гостуваат во Ресен, каде што ќе се сретнат со екипата на Преспа 10.
Куманово е во тешка финансиска ситуација и во продолжението од сезоната ќе се обиде да избори опстанок во Супер-лигата.
Според извори од клубот, доцнат и платите на играчите веќе неколку месеци, па сеуште е неизвесно дали сите играчи ќе патуваат на утрешниот натпревар во Ресен.
Како што веќе објавивме од порано, еден од најдобрите играчи во тимот Стефан Трајковски ја напушти екипата и замина во Тинекс Пролет.
Куманово се наоѓа на шестата позиција.