Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во салата на ОУ Христијан Тодоровски Карпош, ракометарите на Куманово ја забележаа првата победа против екипата на Преспа со резултат 28:24.
Резултатот на полувреме беше 9:10 за гостите од Ресен. Кумановчани првото полувреме го обележаа со нестабилна игра и голем број на грешки, што противникот не успеја да ги оскористи за да направи поголема разлика.
Тимот на Куманово после полувремето се врати консолидиран и почна да прави предност која успеја да ја одржи до крајот на натпреварот. Конечен резултат на овој меч беше 28:24.
Најефикасни поединци кај Куманово беа В.Тасевски со 10 гола и С.Трајковски со 6 гола. Кај гостите Тунтевски си Тасевски постигнаа по 4 гола. Забележителен настап имаше и голманот Синиша Арсовски со 10 успешни интервенции.