Ракометарите на Куманово на домашен терен против екипата на Вардар Неготино
22.11.2019 13:43
| KumanovoNews
Кумановските ракометари во недела со полеток во 18:30, на домашен терен ќе играат против екипата на РК Вардар Неготино.

Овој натпревар ќе биде одлучувачки за тоа дали МРК Куманово ќе остане на својата четврта позиција на табелата, со четири победи од осум одиграни кола, или екипата на Вардар Неготино која е на петото место ќе се искачи погоре на табелата.
Во претходното коло, МРК Куманово забележа пораз од екипата на Пелистер, со резултат:36:30.