Ракометарите на Куманово против големиот Пелистер
Денеска во Спортската сала во Куманово, со почеток во 18.30 часот, ракометарите за противник ја имаат екипата на Пелистер од Битола.

Овој натпревар е од 8. коло во домашната лига од натпреварувањето каде ракометарите на домашен терен и пред домашна публика, ќе се борат за нови поени на табелата против екипата на Пелистер која е и еден од фаворитите за највисок пласман.
Во претпоследниот натпревар од натпреварувањата за оваа сезона имаме екипа која воопшто не е за потценување. Ќе дадеме се од себе за да освоиме нова победа на домашен терен и да се искачиме место погоре на табелата-изјавија од клубот.
Последниот натпревар од домашната лига ракометарите ќе го одиграат следниот викенд против екипата на Радовиш на гостински терен.