Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пријателскиот натпревар и победа против екипата на Веспрем, ракометарите на Металург, денеска во 17.45 часот на домашен терен за противник ја имаат екипата на Борац од Бања Лука.
Во рамки од 13. коло од Сеха Лигата, плаво белите имаат голема задача да ги измерат силите со противникот пред натпреварот од Лигата на Шампионите против францускиот ПСЖ.
Добро се прикажавме со Веспрем, против една таква силна и квалитетна екипа, што ни дава надеж дека така можеме да одиграме и во Париз против силниот и најскап европски ракометен клуб, францускиот Пари Сен Жермен. За жал, имаме проблеми кои во од ги решаваме, а колку ќе успееме во тоа, ќе видиме -изјави тренерот Лино Червар.
Овој натпревар со Борац ни е генералка за Французите, ќе се обидеме да одиграме тактички добро, дисциплинирано и полека да ја одиграме играта за Французите-додаде Червар.