Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот ракометен тим, екипата на Металург денеска со почеток од 19 часот ќе го одигра натпреварот од 14. коло од регионалната Сеха лига против екипата на Нексе.
По големиот триумф против екипата на Барселона, ракометарите имаа кус временски период за следниот натпревар на гостински терен.
Во рамките од 5. коло македонскиот тим одигра нерешен натпревар против екипата на Нексе (24:24).
По овој дуел, нашите ракометари во сабота гостуваат кај екипата на Партизан, а во вторник на домашен терен за противник ја имаат екипата на Војводина.
Клучен натпревар за металург за пласман на завршниот турнир е натпреварот против ривалот Брест Мешков кој е закажан на 9. март на домашен терен и на крајот на 12. март гостуваат на Татран Прешов.
Загреб КО 37 бодови (15 натпревари),
Татран Прешов 33 (14),
Вардар 28 (14),
Мешков Брест 27 (14),
Металург 25 (14),
Војводина 18 (14),
Борац 12 (14),
Нексе 11 (13),
Ловќен 11 (15) и
Партизан 3 (14).