Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Конечно договорот е постигнат. На 21 годишниот ракометар Мијајло Марсениќ конечно му е направен трансфер и исплатена оштетата за да премине од екипата на Партизан во екипата на клубот од Автокоманда,Металург.
Оваа е ракометар за кого тренерот Лино Червар вели дека е играч од младата гарда од кој екипата ќе има навистина голема корист.
Доколку навистина овој ракометар се покаже во добро светло тоа би значело малку одмор за ракометарот Димовски и конкуренција за Никола Маркоски и Жарко Пешевски.
Среќен сум што потпишав договор со една исклучително силна екипа како што е Металург и поради тренерот Лино Червар од кого очекувам навистина да напредувам-изјави Марсениќ.
Ракометар во понеделник е пристигнат во Скопје и првата работа која беше направена е потпишување на официјалниот договор со македонскиот тим.