Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот ракометен првак екипата на Вардар лесно оствари победа во 9. коло од Лигата на Шампионите против екипата на Вакер Тун со резултат 32:25.
Со оваа победа ракометарите застанаа на четвртото место во групата Ц со вкупно 10 бода.
На одмор заминаа со разлика од 6 гола (17:11).
Блескава игра покажа голманот Петар Ангелов кој имаше 13 одбранети удари.
Најефикасен играч во домашната екипа беше ракометарот Игор Карачиќ со 6 погодоци, најдобар поединец на мечот беше Лукас Фон Дешванден со постигнати 8 голови.
Ракометарите на Вардар и Металург сега имаат изедначен број поени во ЛШ, но екипата од Автокоманда имаше подобар ефект во меѓусебните средби.
Во последното коло од лигата, екипата на Металург ја пречекува Барселона, додека Вардарци заминуваат во Франција против екипата на ПСЖ по остварување нови поени.