Ракометарите нерешено на домашен терен против екипата на Јуниор КВ
        10.12.2019 09:13
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Ракометарите на Куманово, во рамките на Првата машка лига и натпреварот против Јуниор КВ го завршија со нерешено, со резултат 23:23.
                  Првото полувреме заврши со резултат од 12:8 и иако нашите ракометари покажаа слаба одбрана и напад во текот на второто полувреме, сепак на крајот на натпреварот успеаја да завршат нерешено.
Постигнати голови на Куманово: Кузмановски 5, Денковски 4, Тасевски 4, Димитров 2, Стошиќ 3, Миладиновски 3, Спасиќ 2.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



