Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (20.20 ч.) во „Алберт Шулц хале“ во Виена го игра реванш натпреварот од баражот за СП 2013 против Австрија.
Избраниците на селекторот Звонко Шундовски имаат предност од пет гола (26-21) по првиот дуел во СРЦ „Кале“ во Скопје пред една недела, но тие и вечерва со победа сакаат да ја заверат визата за Мундијалот.
Според проценките, ќе има најмалку 800 македонски фанови на вечерашниот меч, кои ќе им дадат поддршка на македонските ракометари во обидот да се пласираат на Светското првенство во Шпанија. Подготвени се и вувузелите, со кои ќе треба да се разбие австриската поддршка.