Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово забележаа нов пораз во Прва лига, одкако на гостувањето во Гостивар загубија со резултат 26-22.
Ова е прва победа на тимот на Гостивар кој заедно со Куманово се на последните две позиции на табелата.
Куманово имаше водство од два гола разлика пред крајот на првото полувреме, меѓутоа не успеја да го сочува истото.
Одкако во второто полувреме Гостивар направи три гола предност, таа разлика стана недостижна за кумановчани кои на крај загубија со резултат 26-22.
Бобан Николоски со 9 гола беше најефикасен играч на натпреварот. За Куманово Давид Кузмановски, Христијан Димковски и Андреј Миладиновски постигнаа по 4 гола.
Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на ХЈС Работник на домашен терен.