Ракометарите пристигнаа во Данска
12.01.2014 07:13
| KumanovoNews
По долго патување поради временските неприлики македонските ракометари на полноќ пристигнаа во Хернинг, Данска.

Останаа неполни 20 часа пред почетокот на средбата против домаќинот и европскиот шампион Данска.
Да се надеваме дека оваа ситуација на нашите ракометари нема да влијае на играта и да остави големи последици пред денешниот натпревар.
Денеска во 11 часот македонските ракометари ќе го имаа својот прв тренинг, а натпреварот ќе го одиграат во истиот ден со почеток од 20.30 часот.