Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската ракометна федерација од денеска ги започнува подготовките за бараж дуелите против Грција.
Избраниците на селекторот Обрван од денеска во Охрид се подготвуваат за престојниот натпревар против Грција.
Поради повреди и терапии недостасуваат неколку ракометари.
Наместо голманот Петар Ангелов е повикан Стефан Кимевски, додека за рехабилитацијата на Наумче Мојсовски селектрот вели дека е во добра насока и нема потреба да се ризикува со негово приклучување и настап на натпреварот во Атина.
Голманот Борко Ристовски истотака ќе доцни од причина што овие денови треба да го комплетира својот трансфер од Ал Ахли (Катар) во француски Кретеј, а поради настапот со својата екипа Барселона на „фајнл фор“ турнирот во Келн овој викенд, капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров ќе се приклучи подоцна.