Ракометарите загубија од Младост
10.11.2015 12:31
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово претрпеа и шестиот пораз во домашното првенство, одкако загубија од екипата на Младост со резултат 20:24.

Давид Кузмановски беше најефикасен на мечот со 8 постигнати гола. Кај гостите Горан Лисичков постигна 7 гола.
Следниот натпревар Куманово го игра на гостински терен против екипата на Гостивар.