Ракометарките го пречекуваат Металург
31.10.2015 15:18
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово утре во салата на основното училиште Христијан Тодоровски - Карпош, ја пречекуваат екипата на Металург.

Овој натпревар започнува во 16:30 и е во рамките на петтото коло од женската Супер-лига.
Металург заедно со Вардар се единствените екипи без пораз во досегашниот дел од првенството. Куманово е веднаш зад нив, на третата позиција со две победи и два пораза.