Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во недела, ракометарките на ЖРК Куманово за противник ја имаат екипата на Борец од Велес.
Ова е натпревар од 7. коло во домашното натпреварување и на гостински терен ќе заминат мотивирани за нови поени на табелата.
По победата на домашен терен во натпреварот од 6. коло против екипата на Чаир, мотивирани сме и подготвени за нови победи што е уште еден силен доказ дека кумановскиот ракомет оди во нагорна линија -изјавија од клубот.
Натпреварот против екипата на Велес започнува во 17 часот.