Мени

Ракометарките на Куманово убедливи против Велес

10.11.2013 17:50 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово на гостувањето во Велес против екипата на Борец во 7.коло од натпреварувањето издвојуваа победа со резултат 32:10.

Ракометарките на Куманово убедливи против Велес

Во текот на целиот натпревар екипата на Куманово беше подоминантна од домашната екипа и во првите минути од натпреварот направи разлика која противникот неможеше да ја достигне.

Резултатот на полувремето беше 18:2.

Следниот натпревар ракометарките го играат на домашен терен против екипата на Моби Дик од Охрид.