Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЖРК Вардар во Спортскиот центар "Борис Трајковски" вечерва во 20 часот го игра третиот натпревар во Лигата на Шампионите, против екипата на Подравка, Хрватска.
Ракометарките предводени од својот тренер Индира Кастратовиќ имаа одличен почеток во елитното натпреварување и ветуваат дека со исто темпо ќе го продолжат натпреварувањето.
По нерешениот резултат против Ларвик и победата над шпанската екипа Бера Бера, вечерва ракометарките на домашен терен се подготвени за тежок дуел но и за нова победа.
Гостинската екипа од Копривица, доаѓа со освоени 2 бода откако во првото коло од Д групата беше поразена на гостувањето кај Ларвик, а пред домашната публика ја победи екипата на шпанскиот Бера Бера.
Утре со почеток од 12.15 часот е натпреварот на Бера Бера против екипата на Ларвик.
Табела: