Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово извојуваа битна победа против екипата на Прилеп со резултат 27:26.
Љубителите на ракометот проследија неизвестен и интересен натпревар каде што максималната разлика изнесуваше само три гола. Првото полувреме покажа дека следува голема борба, а кумановските ракометарки заминаа на одмор со резултат 16:14.
Ракометарките во второто полувреме умешно ја чуваа разликата од два гола предност и не дозволија Прилеп да се реваншира за поразот од десет гола разлика на гостински терен.
Конечен резултат на мечот беше 27:26.
Викторија Пеоска со 7 погодоци е најефикасна во победата на Куманово а Моника Паневска постигна 6 гола. Бранкица Марковиќ и Бојана Пецевска постигнаа по 5 гола.
Кај гостите, Моника Ристовска постигна девет гола.
Со оваа победа, ЖРК Куманово се зацврстува на третата позиција на табелата со 12 бода. Пред Куманово се Вардар Ј. со 15 гола и лидерот Металург со 18 бодови. Екипата на Прилеп е четврта со 9 бода, Пелистер има 6 бода, ЖРК Ѓорче има 4 бодови на табелата, а последна е екипата на Овче Поле со 1 бод.
Следното коло Куманово повторно игра на домашен терен, против последнопласираната екипа на Овче Поле.