Ракометарките поуспешни од Борац Урошевац
18.11.2011 11:44
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово вчера издвојуваа победа во пријателскиот натпревар против Борац од Урошевац.

Во интересен и возбудлив натпревар, нашите ракометарки беа поуспешни од гостите од Србија со резултат 28:27. Ова е успешна контрола на ракометарките, и уште еден показател дека тимот е озбилен конкурент за висок пласман на табелата во домашното првенство.