Ракометарките се пласираа во Суперлигата
23.05.2015 13:26
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово успејаа да извојуваат победа во последното коло против тимот на Овче Поле со што ја завршија сезоната на првата позиција на табелата.

Конечен резултат на мечот во Свети Николе беше 24:31. Тие го потврдија својот квалитет во рамките на Првата лига, а првата позиција од следната сезона им носи право на настап во најквалитетното женско ракометно натпреварување заедно со гигантите Металург и Вардар.