Ракометарките утре го играат првиот натпревар против Геониус
09.11.2018 11:40
| KumanovoNews
Екипата на ЖРК Куманово утре го игра првиот натпревар од Челенџ Купот против тимот на Геониус В&Л од Гален, Холандија.

Тимот на Куманово е во одлична форма, што го демонстрираа минатиот викенд кога остварија победа против бранителот на титулата Вардар, па сега се лидери на табелата во домашното првенство.
Противникот прифатил да ги одигра двата натпревара во Куманово, па реваншот од овој дуел е закажан веќе за недела по што ќе биде познат патникот во следното коло.
Двата натпревара се играат во Спортската сала со почеток во 18 часот.