×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • РК Куманово пред целосен распад!?

    11.06.2014 13:04 | KumanovoNews

    Ракометниот клуб Куманово овие денови ги преживува најтешките моменти од неговото постоење и одкако беше исфрлен од најсилното првенство, доведено е во прашање и постоењето на овој клуб во иднина.

    РК Куманово пред целосен распад!?

    После состанокот на Управнот одбор на РФМ беше донесен заклучок дека РК Куманово се нема трансформирано во Акционерско друштво, па согласно пропозициите го губат правото на настап во Супер-лигата, иако клубот избори пласман за следната година.

    Не знам дали на некого му одговара да згасне овој клуб. Управата имаше време од почетокот на сезоната до 30.мај да заврши со трансформацијата на тимот. Тимот на Текстилец го пријави учеството преку тимот на Брегалница, и иако требаше да испаднат од лигата, тие догодина ќе играат на нашето место - изјави тренерот на екипата Миодраг Јовановски - Црни.

    Според информациите со кои располагаше Јовановски, управата на тимот колективно си има поднесено оставка, и иднината на тимот е целосно неизвесна. Тој посочи дека во текот на целата сеозна се соочуваат со многу проблеми. Управата на тимот го нема испочитувано договорот и на играчите им должат уште 3 плати.

    Навистина е нефер према домашните играчи, кои на спортски начин изборија пласман во најквалитетното ракометно првенство, и поради неодговорност нема да играат за својот тим следната сезона. Повторно ќе повторам, РК Куманово настапува исклучиво со ракометари родени од Куманово. Се работи за млада екипа, имаме само два искусни ракометари. Ме интересира освен во машкиот и женскиот ракомет, дали екипа во друг спорт може да обезбеди опстанок во најсилната лига само со домашни играчи? - додаде Јовановски.

    Јовановски потенцираше дека младинскиот клуб на Куманово има потенцијал и располага со неколку големи таленти, кои доколку би постоел клубот сигурно набрзо би станале и носители на првиот тим.

    Не сакам да размислувам во тој правец, но дали некој сака да го уништи клубот, а младите ракометари да ги распродава по големите клубови? Навистина ситуацијата со ракометот во Куманово е алармантна и веројатно не се реагира на време, веројатно ќе немаме ракомет долго време - заклучи Јовановски.