Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово, утре со почеток од 14 часот во салата на ОУ "Христијан Тодоровски Карпош" ја пречекуваат екипата на "Преспа" од Ресен.
По несреќниот пораз од екипата на Металург, каде натпреварот за прва победа на домашен терен беше во рацете на екипата на Куманово, и по поразот на гостувањето во Охрид каде одиграа квалитетна игра но сепак противникот со гол разлика ја совлада нашата екипата, овој пат ја очекуваат првата победа на домашен терен.
Домашниот терен и домашната публика како и квалитетната и организирана игра се најголемиот наш адут за прва победа на домашен терен во натпреварувањето и овој пат одиме на сигурна победа и нови 3 поени во домашното првенство-изјавија од клубот.