×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • РК Вардар на домашен терен против екипата на Веспрем

    31.01.2014 09:10 | KumanovoNews

    По долгата пауза поради Европското првенство во Данска, ракометарите на Вардар се враќаат на клупските обврски во Лигата на Шампионите и, домашните натпреварувања и Сеха Лигата.

    РК Вардар на домашен терен против екипата на Веспрем

    За вториот дел од сезоната, пријателскиот натпреварот против екипата на Веспрем од Унгарија е вистински избор за да испроба играта на вардарци.

    Гостувањето на Веспрем ќе биде и одлична можност за новиот тренер на Вардарци Раул Гонзалес, да дебитира против голем ривал, кој е предводен од клупата од неговиот сонародник, Антонио Карлос Ортега.

    Шпанецот најавува мали промени во играта, како во одбраната, така и во нападот.

        - Мислам дека ќе има некои промени во двата правци, ќе го промениме стилот на игра, меѓутоа за тоа е потребно малку време, и затоа ќе работиме чекор по чекор. Сега засега немаме конкретно решение на позицијата лев бек, бидејќи Лазаров е повреден, а Растворцев нема да настапи до крајот на сезоната. Се надевам дека Лазаров ќе се врати многу брзо, и ќе се приклучи на екипата во најважниот дел од сезоната, додава Раул.

    Натпреварот Вардар – Веспрем се игра вечерва од 17.45 часот, во СРЦ “Кале”. Тоа е одлична можност за верните навивачи на најтрофејниот македонски клуб, да ги исполнат трибините, а сите оние кои нема да бидат на Кале, ќе можат да го следат натпреварот на програмата на МРТ1.